Српски туристи приредиле бизарно тестостеронско касапско шоу во шпанското летувалиште Коста дел Сол. Србин со вишок тестостерон врзал свој земјак на балкон, го соблекол гол и му го сечел вратот додека шокирани туристи гледале. Не само што се изживувал врз сонародникот, Србинот и се фалел со „уловот“ додека туристите го снимале и ја чекале полицијата.

Кога дошла полицијата тој веќе со голем нож му го сечел вратот. Благодарение на брзата интервенција на полицијата, искасапениот Србин е спасен и префрлен во болница, а напаѓачаот бил уапсен.

Полицијата во Коста дел Сол соопшти дека им требаат повеќе докази за да го обвинат напаѓачот, и побара од сведоците, главно британски туристи, да ѝ достават фотографии и снимки од инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.