Градот Ченгду во југозападна Кина соопшти дека извршил тестирање на 30.000 посетители на голем забавен и трговски центар, што е второ масовно тестирање на голем број луѓе во последните денови.

Сите тестови биле негативни на Ковид-19.

Не е познато колку посетители имало во „New Century Global Center“, кој има многу продавници, канцеларии, голем воден парк и универзитет и се смета за најголемиот комплекс на светот. Тој зафаќа површина од 1,7 милиони квадратни метри, што е површина колку четири Ватикани.

Тестирањето доаѓа откако во Ченгду, град со повеќе од 20 милиони жители, беа регистрирани неколку случаи на зараза со Ковид-19 во последните денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.