Мажот ликвидиран од руските специјални сили во подмосковскиот регион, планирал во неделата да изведе терористички напади во центалниот парк на Москва, соопштија во понеделникот руските истражни органи.

Милитнатот планирал да изведе терористички напад во московски парк на 26-ти јули. Истиот ден тој пристигнал во гаража во Химки по оружје, каде што беше елиминиран од припадниците на специјалните служби. Покренато е кривично дело за обид за терористички напад, го цитира агенцијата ТАСС својот неименуван соговорник од руските правосудни органи.

Претходно во руските медиуми беше објавено дека државјанин на поранешната советска република Таџикистан, со доминатно мусламанско население, идентификуван како Одил Кајмов, планирал во скоро време да изведе терорстички напад на посетувано место во Москва.

Според оперативните сознанија, осомничениот планирал веднаш по нападот преку Турција да пребега во Сирија. Притоа било утврдено дека Кајмов контактира со извесни кругови во Москва, од кои веројатно барал безбедна локација за складирање на оружјето.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) и Истражниот комитет соопштија дека „лице со потекло од Средна Азија подготвувало масовно убиство на фреквентен простор“. Осомничениот бил ликвидиран при обидот да биде уапсен во реон на напуштени складишта во Химки, кога отворил оган врз припадниците на безбедносните служби.

При претресот на станот кој го изнајмил осомничениот, иследниците откриле докази дека тој бил поврзан со претставници на терористичките групации во Сирија. Исто така, полицијата трага по евентуално соучесници на ликвидираниот на територијата на Русија.

Во Подмосковје, исто така, бил уапсен и братот на убиениот. Но според истрагата, токму тој почнал да се сомнева во коминикацијата на неговиот брат со терористи во Сирија, и тоа го пријавил во полицијата. Според неговиот исказ, пред две седмици го загубил контактот со братот.

Од почетокот на летото, според соопштението на руските безбедносни сили, спречени се девет терористички напади во регионот Кабардино-Балкарија, во регионот Хабаровск, Ростовскиот регион, Астрахан, Владикавказ, Симфоропол на Крим и во Чувашија.

Минатата седмица во Москва, агентите на ФСБ уаспија во Мосвка, Новосибирск и Краснојарск уапсиче 22 припаднции на ќелија на терористичката организација која се декларира како Исламско движење на Узбекистан.

Кон средината на јуни директорот на ФСБ, Александр Борников, изјави дека во последните десет години во Русија биле спречени околу 160 сериозни обиди за терористички напад, од 43 само во текот на минатата 2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.