Постигнувањето договор со Велика Британија за измените во договорот за Брегзит до крајот на неделава изгледа „се потешко“, изјави главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние.

– Крајно време е добрите намери да се претворат во правен текст, рече Барние денеска во Луксембург пред состанокот со министрите за европски прашања на кој ќе ги информира за во преговорите.

– Постигнување договор сè уште е можно, но секој договор треба да му одговара на секого, рече тој.

Лондон и Брисел се обидуваат да постигнат договор до крајот на неделава, додека се ближи крајниот рок за заминување на Велика Британија од Унијата, кој моментално е е поставен на 31 октомври.

Ако Велика Британија замине без договор – Брегзит без договор – тоа би било „катастрофа“, рече денеска во Луксембург германскиот државен министер за Европа, Мајкл Рот.

Министрите од сите земји-членки на ЕУ, освен Велика Британија, денеска се очекува да разговараат за шансите за постигнување договор или да се договорат за продолжување на рокот за Брегзит.

Целото внимание сега е свртено кон самитот на лидерите на ЕУ кој почнува во четврток.

Но, каков било договор што ќе го склучат Лондон и Брисел, до крајот на месецот ќе треба да помине во британскиот и европските парламенти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.