Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека лансирањето на двете ракети со краток досег од Cеверна Кореја не ги смета за провокација кон неговата земја.

Според Бајден, Пентагон оценил дека станува збор за „редовна ситуација“.

„Би-Би-Си“ наведува дека овие севернокорејски ракетни тестирања, се изведени за време на викендот, по завршувањето на заедничките воени маневри на САД и Јужна Кореја и во екот на напорите на Вашингтон да воспостави официјален контакт со Пјонгјанг.

Дводневните ракетни тестирања ги потврдија официјалните лица на САД и Јужна Кореја, кои прецизираа дека „од Ончон биле истрелани две крстосувачки ракети во Жолто Море“.

Научивме дека ништо не се сменило. Нема ништо ново во нивните постапки – порача претседателот Бајден.

Резолуциите на Советот за безбедност на ОН, кои резултираа со санкции против Пјонгјанг, забрануваат боеви тестирања со балистички ракети.

„Би-Би-Си“ додава дека Cеверна Кореја потврдила дека се лансирани две, но небалистички ракети, нагласувајќи дека со овие тестови не е прекршена ниту една резолуција на Советот за безбедност на ОН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.