Пред терористичкиот напад во Виена во кој беа убиени три лива, а 17 се тешко ранети, на „Инстаграм“ се појави слика на џихадист со многу слично оружје како виенскиот терорист.

Австриската полиција сè уште офцијално не го открива идентитетот на убиениот терорист, но германски „Билд“ пренесува дека истражителите се сомневаат дека станува збор за лицето на фотографијата.


Според „Билд“, тој вчера на двајца пријатели им испратил снимка од терористичкиот напад во 2015 година во „Шарли Ебдо“ во Париз, кога беа убиени 12 лица.

На „Инстаграм“, пак, објавил и неколку фотографии на кои се заколнува на верност на водачот на терористичката Исламска држава, во некои позира со пушка и мачета, а има и фотографии со куп муниција.

На нив го напишал арапскиот збор Бакијах кој е дел од фразата – „Исламската држава останува и се шири“.

Уредникот на австрискиот неделник „Фалтер“, Флориан Кленк, утрово објави дека напаѓачот за 20-годишниот Куртин С., роден и пораснат во Виена, Албанец чии родители се од Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.