Медицинските работници во Вухан работат деноноќно во борбата против коронавирусот кој досега однесе 1369 животи.

Коронавирусот продолжува да го привлекува вниманието на светските медиуми, откако починаа 1369 лица, а над 60 илјади луѓе се заразеи.

Кинескиот град Вухан е центарот на заразата каде што властите вложуваат огромни напори за сузбивање на заразата и помош на заразените луѓе. Во рамките на тие мерки, Вухан, град со 11 милиони жители е ставен под карантин, а експресно беа изградени и две нови болници.

На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види како медицинските работници се шишаат „на нула“ поради коронавирусот. Како што велат, косата посебно на медицинските сестри им пречи при работата и се плашат дека би можеле да се заразат токму преку косата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.