Либанските спасувачки екипи продолжија да бараат преживеани меѓу урнатините по ужасната експлозија во Бејрут, во која загинаа најмалку 135 лица, а повеќе од 5.000 беа повредени.

Премиерот Хасан Диаб прогласи тридневна жалост, почнувајќи од денес, а првичните резултати од истрагата покажуваат дека небрежноста е виновна за експлозијата во пристаништето во Бејрут, во која десетици луѓе исчезнаа.

300.000 граѓани останаа без покрив над главата, соопштија официјалните лица, пренесува Ројтерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.