Новороденче е спасено, откако живо било закопано во нива во северот на Индија, пренесува „Би-Би-Си“.

Според шефот на локалната полиција, бебето било случајно пронајдено од страна на селанец, кој копал гроб за неговото бебе, кое починало неколку минути по раѓањето.

Бебето било ставено во земјен сад и закопано на околу 90 сантиметри под земја. Селанецот веднаш ја однесол во болница, каде се опоравува.

Полицијата покренала истрага за целиот случај, а според шефот на полицијата, се сомневаат дека злосторството било направено со согласност на родителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.