Спасени се 35 рудари, кои беа заробени по експлозијата во рудникот на калиум во источна Германија, јавуваат германските медиуми.

Двајца рудари се повредени, а во операција за спасување сите се извлечени од длабочина од околу 700 метри.

По експлозијата, тие биле сместени во безбеден сектор на рудникот Тојтшентал, кој се наоѓа на околу 150 километри југо-западно од Берлин.

Рударската управа соопшти дека едниот од повредените е во сериозна здравствена состојба, а другиот е само полесно повреден. Како што се наведува, рудникот веќе не е активен, но се користи за депонирање на руден отпад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.