Советот за безбедност на ОН усвои денеска резолуција со која препорачува актуелниот генералниот секретар на организацијата, Антонио Гутереш, да биде избран за втор мандат.

Кандидатурата на Гутереш треба да биде потврдена со одлука на Генералното собрание на ОН.

Бидејќи има само еден кандидат за функцијата генерален секретар, постои голема веројатност Генералното собрание да ја усвои резолуцијата без гласање.

Антонио Гутереш е деветтиот генерален секретар на ОН, а неговиот мандат почна на 1 јануари 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.