Советот за безбедност на ОН денеска едногласно усвои резолуција изготвена од Велика Британија, со која се повикува на фер дистрибуција на вакцините против Ковид-19, соопштија дипломатски извори.

Резолуцијата, која е втора поврзана со пандемијата што Советот за безбедност ја усвојува за една година, исто така, повикува на солидарност, како и за прекин на воените акции низ целиот свет со цел поуспешна борба против вирусот и вакцинација.

Резолуцијата беше едногласно поддржана од сите 15 членки на Советот за безбедност, што не се случува често

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.