Мохамед Мирмохамди, Членот на советодавното тело на иранскиот врховен водач почина денеска откако се разболел од новиот коронавирус. Тој е првиот висок функционер на Иран кој почина од овој вирус кој се појави точно пред два месеци, јави државното радио.

Мирмохамади (71) починал во болницата во Техеран. Тој беше член на Советот кој ги решава споровите меѓу врховниот водач и парламентот.

Од коронавирусот во Иран претходно се заразија шефот на владиниот тим за борба против коронавирусот Ираџ Хариричи и потпретседателката на Иран Масумех Ебтакар.

Воо Иран се потврдени 978 случаи на коронавирус, а досега починаа 54 лица.

Стручните лица се загрижени дека иранскиот процент на смртни случаи од инфекцијата е околу 5,5 отсто многу поголем отколку во другите земји, што укажува на тоа дека во Иран можеби има многу повеќе заразени отколку што покажуваат сегашните бројки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.