Наспроти традицијата, сегашниот американски претседател Доналд Трамп не сака доброволно да ја напушти Белата куќа на денот на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Како што објави „Си-Ен-Ен“, Трамп им соопштил на неколкумина свои советници дека на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари, тој ќе одбие самоволно да ја напушти Белата куќа и ќе мора да биде принуден со сила да замине по скалите.

Некои официјални лица се загрижени за таа изјава, но не веруваат дека Трамп ќе го направи тоа.

Тој ќе ја напушти (Белата куќа). Само што сега е налутен – објаснил еден советник.

Претходно, порталот „Аксиос“ јави дека Трамп планира на 20 јануари да замине од Белата куќа со хеликоптер, а потоа да лета за Флорида со „Ер форс еден“ и да зборува на голем митинг пред неговите приврзаници, каде што ќе го објави своето учество на претседателските избори во 2024 година, со што ќе ги пропушти сите официјални церемонии во главниот град.

Традиционално во САД на денот на унаугурацијата на новиот претседател, по црковната служба, идниот претседател и потпретседател пристигнуваат во Белата куќа, се состануваат со своите претходници и пијат чај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.