Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, оцени дека е потребно „итно да се смири ситуацијата“ во Франција, повеќе од два месеца по почетокот на протестите на „жолтите елеци”, што доведе до „големи тензии“ во земјата, јави дописникот на МИА.

Високото ниво на тензии кое преовладува во Франција ја зголемува мојата загриженост и сметам дека е потребно итно да се смири ситуацијата, изјави Мијатовиќ.

Таа ова го кажа по нејзиното патување во Париз каде имаше претходно повеќе разговори околу прашањата за човековите права во врска со движењето на „жолтите елеци“.

Комесарката е особено загрижена за „големиот број на повредени, од кои некои се посериозно, за време на протестите”, вклучувајќи ја и употребата на лансери на пластични топки за самоодбрана (ЛБД), се наведува во соопштението на пан-европската организација, задолжена за следење на човековите права, со седиште во Стразбур.

Има многу повредени и меѓу безбедносните сили кои работат „во тешки услови”, особено поради „непријателство од страна на некои демонстранти”, истакна комесарката, која понатаму изрази „сериозна загриженост од бројот и сериозноста на повредите што произлегуваат од употребата на сила од страна на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.