Во британската јавност владее голема паника после најавата на еден познат лекар дека премиерот Борис Џонсон би можел да биде приклучен на респиратор, после приемот на интензивна нега.

Џонсон, јавува Дејли Миорор, е во свесна состојба во болницата Сент Томас, но преку ноќта добивал кислород, како и во тек на вчерашниот ден.

Џонсон на интензивна нега беше префрлен во понеделникот вечерта, после влошување на симптомите на корона вирусот.

Неговата состојба не се променила во текот на ноќта, а еден врвен лекар предупредил дека многу е веројатно дека состојбата ќе му се влоши.

Многу е веројатно дека Џонсон ќе биде ставен на механички респиратор. Тој прво беше приклучен на кислород, бидејќи имаше проблеми со дишењето. Сепак состојбата му се влоши и сега веројатно го чека приклучување на механички респиратор кој ќе диши наместо него – рекол професорот Дерек Хил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.