Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 566.064 лице се заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 25.422, а оздравеле 129.357 лице.

– Бројот на потврдени случаи на заразени со коронавирус во Холандија се зголеми за 1.172, односно 16 проценти, и достигна 8.603, соопштија здравствените власти. Со новите 112 смртни случаи, вкупниот број на починати е 546 лица.

– Еден град и четири села во турската провинција Ризе, која се наоѓа на брегот на Црно Море, се ставени во карантин поради пандемијата од коронавирус. Тоа е прв таков случај во Турција од појавата на Ковид-19 во оваа земја.

– Во Јужна Кореја се пријавени 91 нов случај на коронавирус, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 9.332, соопшти јужнокорејскиот Центар за контрола и превенција на болести. Бројот на смртни случаи се зголеми за уште 13 и сега изнесува 144.

– Бројот на починати од Ковид-19 во Швајцарија се зголеми на 197. Билансот на заразени лица, исто така, се зголеми и изнесува 12.161.

– Во Србија почина уште едно лице како последица на коронавирусот, што е осма жртва на оваа болест во земјата. Потврдени се и 71 новозаразено лице, по што вкупниот број сега достигна 528.

– Шведската Влада одлучи да ги забрани сите јавни собири на повеќе од 50 луѓе со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, заострувајќи ги н тој начин мерките, кои се благи во однос на другите европски земји.

– Во Австрија бројот на заразени се зголеми на 7.040 лица, а починати се 58 лица, изјави австрискиот министер за здравство и социјална работа Рудолф Аншхубер, додавајќи дека земјата допрва го чека пикот на епидемијата.

– Во Велика Британија во последните 24 часа починале 181 лице од новиот коронавирус, со што бројот на смртните случаи достигна 759 лица. Тоа претставува пораст од 31 процент, што е седми најголем пораст на светот по Италија, Шпанија, Кина, Иран, Франција и САД.

– На техничката влада во Белгија и се дадени овластувања за борба против новиот коронавирус.

– Кина ги затвори границите за голем број странски државјани, забележан е и нов случај на локална зараза.

– Русија размислува за воведување ограничувања на извозот на житарици поради епидемијата на Ковид-19

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.