Американскиот претседател Доналд Трамп по објавувањето на извештајот на специјалниот обвинител Роберт Малер за руското мешање во претседателските избори во САД, на Твитер објави интересна фотографија.

Трамп е свртен со грб, а на фотографијата пишува „Играта заврши“.

Без тајни договори. Без опструкции. За мразачите и демократите од радикалната левица – Играта заврши, напиша Трамп на Твитер.

Американскиот секретар за правда Вилијам Бар на денешното претставување на преработениот извештај на Малер истакна дека Руската Федерација се мешала во изборите во САД во 2016 година.

Но, Бар додаде дека нема индиции дека членови на изборниот штабот на актуелниот претседател на САД, Трамп соработувалe со Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.