Ерменскиот Премиер Никол Пашинијан објави дека ќе поднесе оставка во април, но ќе остане на функцијата до предвремените избори во јуни, во нов обид за надминување на политичката криза што ја тресе оваа кавкаската земја.

Ќе поднесам оставка во април. Не поради оставка, туку за да распишеме предвремени избори. Но, јас ќе продолжам да бидам привремен премиер, рече Пашинијан на состанокот со Ерменците, според видеото објавено на неговиот Фејсбук профил.

Ако го потврдите (нашиот мандат), ние ќе продолжиме да ви служиме подобро од порано, во спротивно ќе му ја предадеме власта на кого ќе изберете, рече тој.

Предвремените парламентарни избори закажани за 20 јуни треба да ги запрат политичките превирања што ја тресат Ерменија по нејзиниот тежок пораз во војната со Азербејџан за власт во енклавата Нагорно Карабах, есента 2020 година.

Со недели, Никол Пашинијан не одговараше на протестите и повиците за оставка. Опозицијата остро го критикуваше и го нарече предавник за потпишувањето на договорот за прекин на огнот во ноември, што беше многу неповолно за неговата земја.

Договорот беше потпишан, бидејќи позицијата на Ерменија беше погубна. Земјата беше заглавена и принудена да се повлече на неколку боишта, а азербејџанската армија се закани на главниот град на Нагорно Карабах.

Пашинијан, кој дојде на власт во 2018 година на крилјата на народната револуција и критиките за расипаноста на постсоветските елити, го зголеми незадоволството кај јавноста кон крајот на февруари кога реши да разреши неколку високи воени функционери, обвинувајќи ги за заговор за пуч.

Властите и опозицијата на крајот се согласија да одржат предвремени избори во јуни, иако вторите повикаа на нови протести во недела.

По тој договор, вонредната состојба прогласена заради војната беше укината, а ерменскиот уставен суд нареди да се прекине кривичното гонење на поранешниот претседател Роберт Кочаријан, критичар на Пашинјан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.