Пратеници од британската Конзервативна партија побараа да се испита вмешаноста на американскиот мултимилијардер Џорџ Сорос во финансирање на кампања чија цел е да се спречи излегувањето на Британија од
Европската Унија, објави Дејли Меил.

Сорос има вложено најмалку три милиони фунти во кампањата „Најдоброто  за Британија“, чија цел е да го урне премиерот Борис Џонсон од власт и да го спречи Брегзит, пишува весникот Дејли мејл.

Според пратениците, ова претставува прекршување на изборните правила и мора да биде испитано од страна на изборната комисија, за да се гарантира легитимноста на изборите во декември кои ќе бидат решавачки дали
Британија конечно ќе успее да ја напушти ЕУ. Кампањата финансирана од Сорос ги убедува граѓаните да гласаат за кандидатите за пратеници кои ќе се обврзат да го спречат напуштањето на ЕУ.

Премиерот Џонсон постигна договор со Европската Комисија за Брегзит, но пратениците одбија да го ратификуваат, и кампањата на Сорос работи на тоа да загарантира дека и во следниот Парламент опцијата за напуштање на ЕУ нема да го има потребното мнозинство.

Сорос е познат по берзанските манипулации во 1992 година со кои и нанесе огромна финансиска штета на британската централна банка, токму кога фунтата го направи првичниот обид за поврзување со еврото, и се
смета дека со овој потег Сорос практично го спречи поблиското интегрирање на Британиа во ЕУ.

Милијардерот е познат по обемното финансирање на левичарски политички опции низ светот, вклучително и во Македонија, каде ја поддржуваше шарената револуција. Неговиот син викендов се сретна со Зоран Заев во Охрид, при што Заев наводно побарал дополнителна финансиска и медиумска помош во пресрет на
предвремените избори во април 2020.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.