Амбасадорот на делегацијата на Европската Унија во Албанија, Луиџи Сореца, реагираше по негативната одлука за отворање на преговори за Албанија и Македонија со ЕУ.

Преку пост на „Твитер“, Сореца ги повикува двете земји да не се откажуваат од преговорите бидејќи ќе дојде денот кога ќе станат членки на ЕУ.

Северна Македонија и Албанија не се виновни за ова… Денес би сакал да испратам порака до нашите пријатели: Ве молам, не се откажувајте. Јас апсолутно не се сомневам дека еден ден ќе станете полноправени членки на ЕУ – пишува Сореца.

За доцна попладнево најавена е прес-конференција на албанскиот премиер Еди Рама и овластениот министер за Европа и надворешни работи, Генц Цакај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.