Ана Хакобјан, сопругата на премиерот на Ерменија, Никол Пашињан, најави дека ќе посетува воена обука, заедно со уште 12 жени, по што ќе замине да се бори во Нагорно-Карабах.

Одред од 13 жени, вклучително и мене, почнува воена обука. За неколку дена тргнуваме да помогнеме во заштита на нашите граници. Ниту нашата татковина ниту нашето достоинство нема да се повлече пред непријаелот – напиша Хакобијан на Фејсбук.

Претходно и синот на ерменскиот премиер, Ашот Пашињан, објави дека заминува на фронтот, при што Хакобјан изјави дека нема ништо поблагородно од тоа да се даде животот за татковината.

Му кажав: Да, сине облечи униформа и оди. Јас те обожувам, но нема ништо поблагородно од тоа да се даде животот за татковината. Не знаев каква е таму ситуацијата и дали ќе можеме да се слушаме. Но, тој не замина и одреден е подоцен датум за негова регрутација, но и понатаму стојам зад своите зборови – порача тогаш Хакобјан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.