Околу 12,4 милиони ученици во Франција се вратија на училиште во вторникот. Владата во Франција презема мерки за да може годината да започне „што е можно понормално“, изјави пред два дена министерот за образование Жон-Мишел Бланкер.

Бланкер нагласи дека училиштето е задолжително, додавајќи дека го смета здравствениот протокол усвоен и според него е „едноставен и јасен“ и ги уверува родителите и учениците дека не се очекува многу да се промени.

Инаку Протоколот за враќање во училиштата во Франција е меѓу најстрогите во Европа, што овозможува да се започнеме годината што е можно понормално.
Традиционално, на родителите на деца од градинка им беше дозволено да ги придружуваат своите деца на час на првиот училишен ден. Некои директори дури им дозволија на родителите на учениците од шесто одделение, да ги придружуваат своите деца, во услови на строго спроведување на социјалното дистанцирање и дезинфекција на рацете.

Владата на Франција им обезбеди маски на сите наставниците и учениците, а во Париз ќе се поделат по две маски од ткаенина за секој ученик во средно училиште на нивниот прв ден.
По Протоколот учениците од основните и средните училишта ќе мора да носат маски во мензите, освен кога седат на трпеза за да јадат. Министерството за образование на Франција препорача училиштата да имаат неколку временски периоди за ручек, со цел да се олесни протокот на ученици и да се ограничат гужвите во кафетериите. Во случај на ученици кои имаат симптоми, веднаш се спроведуваат тестови за потенцијалните заболени и сите лица кои биле во контакт.

Надлежните институции во Франција одлучија дека може да се намалат часовите или пак да се вратат одредени училишта на учењето на далечина, доколку се доживее избувнување на вирусот во некое подрачје или училишта, но одлуката би била донесена од здравствените власти во зависност од случај до случај.

Министерот за образование на Франција вели дека негова основна задача е да им се овозможи на децата да се вратат во училиште под безбедни услови

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.