Рано утрово во градот Бреша,Италија, непознати лица фрлиле два молотови коктели и делумно го оштетиле центарот за вакцинација.

Центарот за вакцинација бил сместен во шатор поставен во центарот на градот за имунизација и тестирање на ковид-19, објави весникот „Ил Фато Котидијано“.

Според полицијата, избувнал пожар, но нема повредени. Предизвикана е материјална штета, но не е оштетен делот каде се наоѓал медицинскиот материјал.

Засега не е позната причината ниту кој го сторил тоа.

Пред две недели се случи сличен напад, фрлање на запалливи шишиња, извршено на влезот во Вишиот институт за здравство во Рим, институција што ги анализира епидемиолошките мерки и дава упатства за заштита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.