Шпионски софтвер на израелската компанија „НСО Груп“ (NSO Group) бил користен од непознато лице за хакирање на телефоните на најмалку девет вработени во американскиот Стејт департмент, јавија израелските медиуми.

Доколку тоа се потврди, ова ќе биде првпат технологијата на таа компанија, која беше жестоко критикувана, да се користи против американски официјални лица.

Цел на хакирањето биле вработени во Стејт департментот кои работеле во Уганда или експерти за таа источноафриканска земја и сите користеле Ајфон.

Израелските медиуми потсетуваат дека компанијата „Епл“ минатата недела соопшти дека ја тужи „НСО Групата“ затоа што нејзини цели биле корисниците на неговите производи и побара компанијата да одговара поради скандалот со софтверот „Пегаз“.

Тужбата на „Епл“ претставува нов проблем за израелската компанија по извештаите дека десетици илјади активисти, новинари и политичари се на листата на потенцијални цели на софтверот „Пегаз“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.