Со истрели во воздух талибанците го прекинале протестот на шест млади Авганистанки, кои бараат да им се почитува правото на образование.
Девојките пред авганистанското Министерство за образование истакнале транспарент со испишана порака „Не го политизирајте образованието!“.
Десетина вооружени талибанци интервенирале за да го прекинат протестот, а се обиделе да ги одземат камерите од снимателите и камерманите.
Девојките се засолниле во едно училиште.
Талибанците на 8 септември ги забранија сите демонстрации во Авганистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.