Реагирајќи на барањето на американскиот претседател Џо Бајден да се изведе претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин пред лицето на правдата за воените злосторства во Украина, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на апликацијата Телеграм напиша дека „повикот на Бајден за судење за воени злосторства е одлична идеја“.

Одлична идеја, нека почнат со бомбардирањето на Југославија и окупирањето на Ирак. Сè уште може да се најдат главните режисери на тоа што се случи во Сребреница, напиша Захарова, со очигледна алузија дека во Сребреница не се случил геноцид, иако има судски пресуди кои недвосмислено го утврдиле тоа.

И, се разбира, во Косово постоеше трговија со органи под маската на американски официјални лица. Штом ќе завршат со тоа, веднаш можат да започнат и со процесот на нуклеарно бомбардирање на Јапонија, додаде Захарова, а на крајот напиша „Run, Forest, run“ на англиски јазик, алудирајќи на сцената од оскаровскиот филм „Форест Гамп“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.