Едно девојче било снимено како вреска од болка откако полицијата наводно го испрскало со солзавец на протестите кои што се случуваат во САД поради смртта на Џорџ Флојд.

Детето врескало и викало: „Не можам да гледам“, откако на главата ѝ истуриле млеко за да ги ублажат болките поради солзавецот.

Присутните исто така биле снимени како го прскаат девојчето со непознати супстанции со цел да ѝ ги ублажат болките.

Оваа застрашувачка сцена ја снимиле луѓето кои што се наоѓале во близина, па ја споделиле на социјалните мрежи.

„Што не е во ред со луѓето?“ – се запрашал Еван Мајкл кој што ја споделил снимката.

Демонстрантите жестоко реагирале на повреденото дете, па дури некои од нив влегле во конфликт со полицијата, а истата ги запишала нивните имиња.

Како што изјавил Мајкл, во тек е истрагата против еден од полицајците кој што наводно користел солзавец врз детето.

Овој немил настан, се случил на демонстрациите поради убиството на Флојд во Минеаполис во Минесота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.