Очевидец успеа да сними видео во кое се гледа моментот кога француската полиција пука во црква во Ница, каде човек од Тунис брутално нападна три лица. Полицијата соопшти дека напаѓачот презел заканувачки чекори кон нив пред да одлучат да пукаат.

На видеото се гледаат десетина полицајци, кои се движат кон Базиликата Нотр Дам во Ница, а откако се приближија до еден од влезовите во црквата, се слушаат првите истрели.

Откако младиот човек од Тунис, кој прободел три лица, е застрелан веднаш бил пренесен во болница, а ножот со кој ги нападнал останал во црквата.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, го опиша овој напаѓач како исламски терорист. Од полицијата соопштија дека напаѓачот започнал да и се заканува на полицијата, а после тоа четворица полицајци започнале да пукаат. Двајца загинаа по бруталниот напад, а меѓу нив е и чуварот на црквата.

Случајот сè уште се истражува, а полицијата наведува дека терористот влегол во Франција илегално од Италија, и дека тој по потекло е од Тунис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.