Илјадници возачи во Германија останаа заглавени како резултат на најобилните снежни врнежи во последните неколку години што предизвика хаос во транспортот.

Обилниот снег предизвика прекин на сообраќајот на автопатот А2 кај градот Билефелд во Северна Рајна-Вестфалија, а како што објавија локални медиуми, некои возачи останаа заробени во снегот по најмалку 16 часа.

На објацвени видео снимки се гледа како незадоволните возачи се жалат дека чекале со часови без храна и на температура од -12 Целзиусови степени.

Во другите делови на земјата имаше неколку сообраќајни метежи, а во Хесен, некои возачи беа блокирани во нивните автомобили околу 15 часа.

Министерот за транспорт Андреас Шојер ги повика луѓето да избегнуваат патувања, најмалку до утре.

Северна и Источна Германија се погодени од снежно невреме од неделата. Пријавени се најниски температури во последните години.

Во Билефелд едно лице починало како резултат на невремето.

Во наредните денови се очекува намалување на врнежите од снег, но температурите ќе се спуштат до -18 степени Целзиусови. Метеоролозите предвидуваат дека навечер ќе се чувствува како -30 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.