Во Италија и во Швајцарија падна снег, што ги изненади и метеоролозите.

На швајцарскито врв Вајсфлујох денеска падна снег, а температурата на воздухот се спушти под нула.

На планинскиот врв Вајсфлујох, висок 2.693 метри, познат е и по неколкуте лаборатории на Институтот за снег и истражување на лавини.

И во Италија на планинскиот превој Стелвио синоќа падна снег.

Стелвио се наоѓа во северниот дел на Италија, на границата со Швацарија на височина од околу 2.757 метри.

И на Стелвио и на Вајсфлујох снежната покривка изнесува околу 20 сантиметри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.