Во Австрија денеска се потврдени првите случаи на инфекција со коронавирус.

Две лица, како што е соопштено на прес-конференцијата, најверојатно се инфицирани со коронавирусот. Првите тестови биле позитивни, а понатамошните тестирања треба да се потврдат.

Двете лица, кои се со потекло од италијанскиот регион Ломбардија, а кои живеат во Инсбрук, дошле во болница со температура. Тие биле сместени во изолираното одделение на клиниката.

Понатамошни информации за погодените лица, властите не сакале да изнесуваат, освен дека двете лица имаат 24 години.

Во текот на денот ќе бидат спроведени понатамошни тестирања кои треба да дадат конечен суд за тоа дали навистина се инфицирани со новиот вирус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.