Во Брунеј ќе биде воведена смртна казна со каменување. Суровата мерка ќе се применува во случаи на истполов однос, брачно неверство и силување, информира „Саут Чајна Морнинг Пост“.

Измените во законот предвидуваат на крадец, фатен во кражба првпат, да му биде отсечена десната рака, а при втор прекршок – левата нога. Казните ќе важат и за деца.

Се очекува измените, кои се засновани на шаријатот, да бидат официјално објавени од шефот на државата, султан Хасанал Болкијах на 3 април.

„Хјуман рајтс воч“ и „Амнести интернешнал“ го осудија новиот кривичен закон и предупредија дека тоа ќе го намали престижот на земјата и може да доведе до одлив на туристи и инвеститори.

Брунеј е апсолутна монархија со население помалку од половина милион луѓе, лоцирано на островот Борнео. Се смета за една од најбогатите земји во светот, а приходите главно доаѓаат од нафта и природен гас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.