Министерството за надворешни работи на Словенија, преку соопштение апелира до своите граѓани да бидат многу внимателни кога патуваат во Италија поради ширењето на коронавирусот.

Поради ширењето на новиот вирус во северниот дел на Италија, надлежните ги советуваа сите они кои сакаат да патуваат во соседна Италија, да се информираат дали во местото кое сакаат да го посетат има заразени со коронавирусот.

Ситуацијата со заразени лица брзо се менува, така што пред да патувате информирајте се каква е моменталната ситуација во местото каде што сакате да престојувате, се наведува во соопштението на словенечкото Министерство за надворешни работи.

Според надлежните, особено внимателни треба да бидат и они кои се враќаат од Италија во Словенија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.