Антон Хрнко, словачки пратеник, објавил дека неговата сопруга и двете деца се меѓу загинатите патници кои биле на летот на „Етиопијан ерлајнс“.

Со длабока тага објавувам дека мојата драга сорпуга Бланка, синот Мартин и ќерката Мишел починаа во текот на воздушната катастрофа во Адис Абеба денес во утринските часови, напишал тој и замолил за малку тишина во нивна чест.


Животот на овој лет го изгубиле 157 патници.

Меѓу патниците имало 32 државјани на Кенија, девет од Етиопија, по осум од Италија, Кина и САД, седум од Велика Британија и Франција, шест од Египет, пет Холанѓани, по четири лица од Индија и Словачка, по три од Австрија, Шведска и Русија, по двајца од Мароко, Шпанија, Полска и Израел.

На кобниот лет имало по еден државјанин на Белгија, Индонезија, Сомалија, Норвешка, Того, Мозамбик, Руанда, Судан, Уганда, Јемен и Србија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.