Словачка одлучи да протера руски дипломати поради сомнение дека биле ангажирани во шпионажа.

Руската амбасада во Словачка не даде коментар на обвинувањата, но портпаролот на словачкото Министерство за надворешни работи, Јурај Томага, ги потврди информациите.

Според словачкиот интернет портал „aktuality.sk“, руските дипломати биле прогласени за „персона нон грата“ на 6 август.

Министерството за надворешни работи на Русија најави дека ќе реагира со иста мерка на протерувањето на руските дипломати од Словачка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.