Во Словачка се пријавени 2.202 нови случаи на коронавирус, што е најголем број на случаи во еден ден од почетокот на пандемијата.

Претходниот рекорд беше поставен на 16 октомври, кога беа пријавени 2.075 нови случаи. Во последните 24 часа никој не починал од последиците на коронавирусот, а досега 98 пациенти починале од вирусот, пренесува Таср. Во болницата се лекуваат 611 лица, од кои 22 пациенти се на интензивна нега, а 51 пациент е на апарати за дишење.

Од почетокот на пандемијата со корона вирус се заразиле 33.602 лица.

Негативен рекорд и во Полска

Во Полска, потврдени се 1040 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата.

Вкупниот број на заразени лица е двојно зголемен за помалку од три недели и сега изнесува 202.579 лица, пренесува Ројтерс.

Од последниот пресек, починаа уште 130 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 3.851 лице.

Долниот дом на полскиот парламент денеска ќе одржи итна седница на која ќе расправа за предлогот на владејачката партија Закон и правда за деблокирање на преоптоварениот здравствен систем.

Владиниот советник за коронската криза, Анджеј Хорбан, претходно изјави дека 10 000 новозаболени лица на ден е горната граница за капацитетот на здравствениот систем.

Според денешните податоци, во полските болници има 9.439 пациенти, од кои 757 се на апарати за дишење, додека вчера се регистрирани 8.962 хоспитализирани лица и 725 на респиратор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.