Словачка води разговори со другите земји-членки на ЕУ за воспоставување механизам што ќе овозможи позајмување вакцини против Ковид-19.

Минатата недела ја минав делумно во комуникација со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во врска со вакцините. Врз основа на ова, Комисијата иницираше таканаречен СОС механизам за позајмување вакцини, со цел премостување на периодот со многу ниски залихи – изјави словачкиот премиер, Игор Матович.

Матович соопшти дека добил понуда од германската канцеларка Ангела Меркел за превезување и третман на словачки пациенти во Германија.

Германија им помогна на многу земји на ЕУ на овој начин во текот на изминатата година – додаде словачкиот премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.