Жителите на рускиот град Екатеринбург беа воодушевени кога од своите прозорци на снежните улици во градот виделе два индиски слона како се препелкаат во снегот, пренесува РТ.

Откако им избегале на своите дресери на паузата, ѕвездите на италијанскиот циркус, кој е на гостување во Екатеринбург, 45-годишната Карла и 50-годишната Рони, не можеле да одолеат на прошетката на -5 степени во снегот пред претстојното долго патување до Санкт Петербург.

Како што се гледа во видеото, локалното население и вработените во циркусот ги здружиле силите со помош на јажиња за да ги намамат слоновите во нивните кафези.

Слоновите имаат свој карактер и емоции, тие се многу паметни. Тие излегоа надвор и се радуваа кога ги видоа снегот, дрвјата и минувачите за кои мислеа дека се публика. Рони остана покрај едно од дрвјата, а Карла отиде кон еден куп од снег – соопштија од циркусот.

Слоновите му припаѓаат на семејството Тогњи, самопрогласената најстара циркуска династија во Италија, кои ги одведоа Карла и Рони на патување долго 16.000 километри кога циркуските животни беа забранети во Италија.

Ние многу ги сакаме нашите животни, тие се наше семејство. И тие го сакаат циркусот, се досадуваат без работа. Нашите животни живеат и умираат со нас, тие нема да преживеат во дивината – рече уметничкиот директор на циркусот, Сергеј Бондачук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.