Наскоро се очекува обраќање на американскиот претседател Џо Бајден.

Се очекува тој да објави какви точно санкции ќе воведат САД кон Русија како одговор на признавањето на двата проруски сепаратистички региони во источна Украина, но и најавата за испраќање руски војници во тие провинции.

Американскиот претседател Џо Бајден требаше да и се обрати на јавноста во 19 часот, но обраќањето е поместено во 20 часот. Причината за промената на терминот не е позната.

Би-би-си јавува дека се очекува Бајден да „даде значајни најави“ за време на неговото обраќање, вклучително и нови економски санкции кон Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.