Вчера на празникот „Св. Георгиј“ во утринските часови се случи уште еден скандал во Австралиско-Новозеландската Епархија во Црковната Општина „Св. Димитрија“ во предградието на Мелбурн, Спрингвал во Австралија, пренесува тамошниот македонски портал „Фаланга“.

Поради расправија на управата, верниците останаа пред врата, а расправата стигна и до австралиската полиција и до Владиката Петар во Македонија.

По вербалната расправија помеѓу свештеникот и верниците, свештеникот повика полиција, која донесе одлука сите да си заминат дома, а црквата да остане затворена се додека не се пронајде решение на проблемот.

Свештеникот Миле Талески од порано знаеме дека е непожелен во оваа црковна општина, како и во црквата „Св. Никола“ каде што му се случи истиот скандал.

Сличен инцидент неодамна се случил и во црквата „Св. Никола“.

Целиот текст и видеото погледнете ги на „Фаланга“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.