Приврзаниците на претседателот Доналд Трамп во Мичиген, тврдат дека поради софтверска грешка, можеби е намален бројот на неговите гласови.

Додека сите најнови податоци укажуваат на веројатна победа на демократот Џо Бајден, републиканците од Мичиген тврдат дека во округот Анрим, повеќе од 1000 гласови кои се во корист на Доналд Трамп, се доделени на Џо Бајден.

Тие тврдат дека наместо кај републиканецот Џон Џејмс, гласовите завршиле на контото на кандидатот на Демократската партија за сенатор Гери Питерс.

На основа на 98% од пребројаните гласови во Мичиген, Бајден води со 146,123 гласа предност, па „Асошиетед Прес“ и други влијателни медиуми во САД, веќе објавиле дка тој е победник во таа држава, пренесе „Њујорк пост“.

Претседавачот на Републиканската партија во државата Мичиген, Лора Кокс, изјавила дека во округот на Антрим, околу 6000 гласови по грешка се доделени на демократскиот претседателски кандидат, наместо на Доналд Трамп и за таквата грешка вината ја посочи во софтверот.

Таа додала дека откако е откриено дека истиот софтвер бил користен во дури 47 окрузи со иста цел, што е повеќе од половината од 87 окрузи, колку што вкупно ги има во таа сојузна држава. Нејзината изјава на „Твитер“, ја споделија од изборниот штаб на Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.