Епископите армавирско-лабински Игнатиј Бузин (47) и костомукшко-кемски Игнатиј Тарасов (44), се исклучени од управувањето со своите епархии и ќе бидат изведени на црковен суд, соопштено е на официјалната страница на Руската православна црква (РПЦ).

Во одлуката се говори за пораки кои содржат документирани докази против споменатите епископи за црковни кривични дела.

Решението на патријархот не содржи податоци за што точно станува збор.

Објавени се „сочни“ писма и фотографии за начинот на живот на двајцата владици, кои, доколку материјалите се автентични, правеле големи гревови.

Епископот Игнатиј Бузин наводно е фотографиран за време на хомосексуален однос. Меѓу објавените материјали наводно се наоѓаат и докази за геј-активностите на епископот Игнатиј Тарасов, како и на негови блиски соработници од неговата епархија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.