Компанијата „ЈуТјуб“ објави дека на една недела го суспендира телевизискиот канал „Скај њуз Австралија“ (Sky News Australia) од својата платформа за размена на видео-снимки поради лажни информации за Ковид-19.

Имаме јасна политика за лажните информации за Ковид-19 за да спречиме ширење на лажни информации за корона вирусот, кои можат да нанесат штета на светот – се наведува во соопштението на ЈуТјуб.

„Скај њуз Австралија“ е во сопственост на медиумскиот могул Руперт Мардок, а на „ЈуТјуб“ има 1,86 претплатници. Телевизијата пред три дена на „ЈуТјуб“ објави колумна на автор кој се спротивставува на рестриктивните мерки и ги критикува властите за карантинот во Сиднеј.

„ЈуТјуб“ има три вида казни за прекршувања: првата е суспензија од една недела, потоа две недели за повторување на прекршокот во рок од 90 дена и конечно трајно отстранување од платформата.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше суспендиран од „ЈуТјуб“ на почетокот на 2021 година.

Видео платформата „ЈуТјуб“ е во сопственост на „Алфабет“ (Alphabet), матичната компанија на „Гугл“ (Google).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.