Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, предупреди дека ссостојбата со ширењето на корона вирусот во Русија е тешка и се регистрирани лоши тенденции.

Тој соопшти дека ревакцинацијата во земјата ќе биде неизбежна.

Ситуацијата е тешка, тенденциите се повеќе лоши отколку добри. Повторната вакцинација ќе биде неопходна кај оние луѓе чии антитела достигнале пониско ниво – изјави Песков.

Во изминатите 24 часа во Русија се регистрирани 17.378 нови случаи на инфекција со Ковид-19, а од почетокот на пандемијата се потврдени 5.334.204 заразени.

Само во Москва се регистрирани 7.584 нови случаи на инфекција во изминатото деноноќие.

Според најавите на Министерството за здравство на Русија, наскоро во Москва ќе бидат организирани места за вакцинација на лица кои сакаат повторно да се вакцинираат со „Спутник В“.

Во девет региони е најавена задолжителна вакцинација за вработените во областа на услугите и трговијата, како и во државните институции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.