И покрај обновените тензии во источниот дел на Украина, Русија денеска испрати 15 воени бродови во Црно Море, кои ќе учествуваат во воена вежба. Тие денеска минаа крај Керчкиот Проток кај полуостровот Крим, соопшти Руската морнарица.

Засега не е познато колку ќе траат воените маневри.

САД претходно откажаа распоредување на два воени брода во Црно Море по добиените приговори од Москва, јавија турски медиуми.

Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека одредени морски подрачја близу Крим ќе бидат затворени со месеци поради планираните вежби, но се дополнува дека бродскиот сообраќај во теснецот нема да биде нарушен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.