Кина предупреди дека САД би можеле да се соочат со „тешки последици”, вклучително и нуклеарна војна, доколку на Украина ѝ се дозволи да се приклучи на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО).

Сите европски земји ќе треперат под сенката на можна нуклеарна војна, предупреди Пекинг во објавениот едиторијал во неделата во државниот Глобал Тајмс.

Во тој случај нема да има безбедност за никого, ниту за Украина, ниту за светот. Наместо да бара решенија за ставање крај на конфликтот, Вашингтон одново и одново покажува дека САД одат во друга насока – разгорувајќи го пламенот на војната – пишува весникот.

Претседателот Володимир Зеленски го обнови својот повик да се приклучи на Алијансата додека Русија анектираше четири региони во Украина.

Запрашан за барањето на Зеленски да се забрза членството на Украина во НАТО, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан минатата недела рече дека сега „не е вистинско време“ и дека барањето „треба да се разгледа во некое друго време“.

Кина го повика НАТО целосно да се повлече од Источна Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.