Во САД стапи на сила наредбата на претседателот Џозеф Бајден, согласно која десетици милиони луѓе во компаниите со 100 или повеќе вработени мора да се вакцинираат против корона вирусот или да се тестираат еднаш неделно.

Службата за безбедност и здравје при работа соопшти дека компаниите кои нема да го почитуваат новото правило се соочуваат со казна од речиси 14.000 долари по човек.

Наредбата се однесува на околу 84 милиони работници во средни и големи компании, а сè уште не е познато колку вработени веќе се вакцинирани.

За околу 17 милиони вработени во старечки домови, болници и други установи кои добиваат пари од здравствениот фонд ќе важат уште построги правила според кои нема да се врши тестирање, туку сите ќе мора да бидат вакцинирани. Вработените ќе можат да бараат исклучок поради здравствени или верски причини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.