Сите дипломати кои ќе присуствуваат на седницата на Генералното собрание на ОН следната недела ќе треба да покажат доказ за вакцинација против корона вирусот, во согласност со правилата што важат во Њујорк.

Во писмо до претседателот на Генералното собрание, Абдула Шахид, на 9 септември, властите во Њујорк навеле дека сите присутни во седиштето на ОН ќе треба да покажат доказ за вакцинација против Ковид-19. Градските власти велат дека салата на Генералното собрание на ОН е конвенциски центар што подлежи на истите правила како и повеќето затворени простории во Њујорк.

На седницата од 21 до 27 септември се очекуваат дипломати од целиот свет, иако некои ќе бидат онлајн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.