По шест недели на настава во училиштата во строги санитарни услови за само дел од учениците во основните училишта, од денеска наставата е повторно задолжителна за сите ученици во Франција, јави дописникот на МИА.

Министерот за образование Жан-Мишел Бланке очекува во училиштата да се вратат околу 90 отсто од учениците.

Нема да има повеќе почитување на физичкото растојание во забавиштата. Од прво до петто одделение растојанието од еден метар меѓу учениците повеќе не се препорачува, а од шесто до деветто, таму каде што е можно и учениците треба да носат маска.

Враќањето во училишните клупи ќе трае само две недели, бидејќи по две недели започнува летниот одмор.

Средношколците и студентите нема да се вратат во клупите, бидејќи за нив учебната година е завршена. Враќањето во септември ќе биде можно за средношколците, додека за студентите некои факултети предвидуваат парцијална настава на факултетите -преку видео настава за време првиот семестар, додека пак за други целосна реприза на наставната програма со физичко присуство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.